Промоција на прва Македонска полуприколка за превоз на деривати - горива
Почитувани членки,
Во саботата на 09 мај 2026 година во Скопје Асоцијација Макам-транс на покана од Lion's Trailers присуствуваше на презентација на првата Македонска полуприколка за превоз на деривати - горива.
Тимот на Lion's Trailers од Гевгелија во соработка со BPW Group со светска експертиза во технологијата на оски и подвозје на приколки и полуприколки, создаваат полуприколка во комбинацијата на врвен дизајн, супериорно инженерство и перформанси од новата генерација возила за превоз на (горива) опасни материи - ADR.
Со кликнување ТУКА може да ја погледнете галеријата од презентацијата.
Ваш Макам-транс