Skip to main content Skip to footer

Протест - 26.01.2026 година

Почитувани членки,

Од исклучителна важност е сите да бидеме организирани, единствени и сложни за протестот кој е закажан на 26.01.2026 година (понеделник). Ова не е поединечна борба, туку заедничка и е за иднината на нашата дејност.

Веќе голем број на превозници го потврдија своето присуство, што е јасен сигнал дека свеста за сериозноста на проблемот постои. Само со масовност и заеднички настап можеме да испратиме силна порака и да издејствуваме решенија.

Учеството на овој протест нема да предизвика штети за превозниците, напротив – неучеството носи далеку поголем ризик. Од 10 април започнува примената на електронскиот систем за влез и излез во Шенген зоната, со што ќе бидат блокирани сите возачи кои ќе имаат над 90 дена престој во период од 180 дена. Последиците од тоа ќе бидат директни и сериозни: застој во работата, финансиски загуби и неможност за извршување на превози.

Ова е моментот да реагираме заедно, гласно и одлучно. Само со заедништво можеме да ги заштитиме нашите возачи, нашите трговски друштва и целата транспортна индустрија.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност