Проверка на бројот на влечни возила во личен картон во 2024 година
Почитувани членки,
Ве потсетуваме на 31 декември 2024 година да направите проверка на вкупниот број на влечните возила кои ви се евидентирани во личниот картон во Министерство за транспорт (МТ), како и проверка за промена на бројот на возила во тековната 2024 година согласно дописи за пријава и/или одјава на возила за вашето трговско друштво.
Еден од критериумите за распределба на годишни ЕКМТ дозволи е вкупниот број на влечни возила со различни еуростандарди кои се евидентирани во базата на превозници во Министерство за транспорт поединечно за секој превозник, кој број е основа врз која се одредува просечна вредност по возило за утврдување на бодови по критериум од остварен приход според СПД образец и добивка по единица возило.
Напомена: Ве молиме направете копија од личниот картон со вкупниот број на влечни возила кои ви се евидентирани на крајот на годината (чувајте ги како доказ поднесоците во МТ за одјава и/или пријава на возила во 2024 година, доколку системски се овозможи да се пресмета просек на возила во 2024 година), за да нема несовпаѓања во следната година кога ќе правите пресметка за аплицирање на годишни ЕКМТ дозволи.
Ваш Макам-транс