Регионална средба на здруженија на превозници за проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген зона
Почитувани членки,
Денес, 11.08.2026 година во организација на Асоцијација Макам-транс, се одржа регионална средба на претставници на здруженија на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
На средбата беа разгледани актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на броењето на денови на престој во Шенген зона, како и можните чекори за надминување на овој проблем.
Претставниците на сите здруженија потврдија дека постои заеднички став за изнаоѓање соодветно и одржливо решение, имајќи го предвид значењето на професионалните возачи и транспортниот сектор за економиите во регионот и непреченото одвивање на меѓународниот превоз.
На средбата беше истакната потребата од интензивирање на комуникацијата со релевантните институции на Европска Унија и изнаоѓање решение од страна на Европска комисија, кое ќе ги земе предвид специфичностите на професионалните возачи кои секојдневно ја вршат својата работа на територија на земјите од Шенген зоната.
Регионалната соработка и заедничкото делување ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се изнајде решение кое ќе овозможи непречено функционирање на транспортниот сектор.
Ваш Макам-транс