Саем на товарни возила и Ден на српските превозници 2025
Почитувани членки,
На 10 и 11 септември 2025 година претставник на асоцијацијата присуствуваше на манифестацијата „Саем на товарни возила и Ден на српските превозници 2025“ кој се одржа на Белградскиот саем.
За време на манифестацијата во организација на Транспортна заедница и Здружение на превозници „Меѓународен транспорт“ од Србија се одржа состанок со тема – Предизвици со кои се соочуваат превозниците од Западен Балкан на кој присуствуваа претставници од асоцијации, превозници и државни институции од земјите во Западен Балкан разменувајќи мислења, ставови и предлог решенија за олеснување на меѓународниот превоз на стока.
*Сликите од манифестацијата може да ги погледнете на нашата веб страна во делот Галерии -> Средби со превозници во Македонија и регионот -> Саем на товарни возила и Ден на српските превозници 2025 година.
Ваш Макам-транс