Skip to main content Skip to footer

Содржини во новата веб платформа

Почитувани членки

Во текот на изминатите месеци асоцијацијата работеше на нова веб платформа со цел да Ви овозможиме олеснет и модерен пристап до податоци и информации од областа на превозот во патниот сообраќај. 

На 21 август 2024 година новата веб платформа е пуштена во употреба, а до сите членки е испратен мејл во кој е внесено ново корисничко име (пр. 0123 кое треба да го користите за најава), со тој мејл Ви се дава пристап до веб платформата со цел да може да креирате сопствена нова лозинка (се кликнува на зборчето „линк“). Во случај да не сте добиле мејл, задолжително контактирајте не со цел да ви дадеме насоки за пристап до истата. Содржините кои се однесуваат само на членките на Асоцијација Макам-транс се достапни до Вас доколку сте логирате со Вашата нова лозинка.

На новата веб платформа повторно како најважен дел се законските прописи кои се најгоре во главното мени, поделени во две посебни содржини и тоа: Национални закони и Меѓународни прописи. При секое отворање на одредена содржина на веб платформата за да се вратите на почетната страна кликнувате на логото на асоцијацијата во горниот лев агол.

           

Во вториот дел од веб платформата е полето за вести, кои може со помош на стрелките да ги враќате напред и назад последно објавените вести, односно доколку кликнете на делот Сите вести ќе ги видите сите вести објавени во изминатиот период. Десно од вестите се достапни апликациите за: „пријава на мито и корупција“ и „пријава на мигранти“ и модулите „мапа за горива“ и „примери за позитивно решени случаи“. 

   

Апликациите за „пријави мито и корупција“ и „пријави мигранти“ се достапни за сите превозници од нашата држава и од државите од регионот, може да се користат на повеќе јазици: македонски, албански, англиски, српски и хрватски (најгоре на апликацијата има поле за избор на јазик).

Модул „мапа за горива“ 

Во модулот „мапа за горива“ има прикачено изработена Анализа за потрошувачка на гориво преку која може да се прикажат сите можности за заштеда на директни трошоци при вршење на поодделни видови превози на стока и заштеда на трошоци на ниво на превозните трговски друштва; даден е пример за пресметка на ДДВ по цена на гориво по држави, а со движење на стрелката на мапата може да изберете држава и да ги видите цените за дизел гориво на одредена дата (цените на горивата се ажурираат два пати во месецот согласно официјално преземени податоци од веб страната tolls.eu).

Со можноста која е дадена за следење на цени на горива по држави и процент за пресметка на ДДВ, референтот за логистика кај превозникот може да добие дополнителни податоци за да предвиди според маршрутата во која држава ќе се точи гориво, а со тоа и да утврди реална цена за превозот и можност за заштеда на трошоци.

     

Модул „примери за позитивно решени случаи“.

Модулот е достапен само за членки на асоцијацијата и содржи реални примери од решени случаи во судски постапки и/или во жалбена постапка до разни институции во други држави при изрекување на казни за прекршоци кои не се направени или се однесуваат исклучиво за превозници од ЕУ согласно законските прописи кои важат за членките на ЕУ. Успешно завршени процеси во однос на казнената политика на ниво на Европа е можност да најдете соодветно решение и за Вас доколку се најдете во иста или слична ситуација.

Во следната содржина на веб платформата до која се стасува со движење на курсорот надолу се дадени банерите на сите наши ВИП и Премиум членки, со кликнување на секој банер поодделно стасувате до нивните веб страни каде може да се запознаете со услугите кои ги нудат како производ кои се потреба на секој превозник поодделно за вршење на неговата дејност. 

     

Наредна содржина издвоена на почетната страна се Билатерални спогодби од областа на превозот во патниот сообраќај по држави кои се од големо значење за правилно вршење на превози, односно точно информирање за начинот и можноста за пристап до транспортниот пазар на секоја држава поодделно, односно дали се врши превозот со режим на поединечни транспортни дозволи и/или има делумно или целосна либерализација при вршење на превоз. 

     

Со продолжување надолу на веб платформата се стасува до делот во кој се презентираат посебни полиња за: Најчесто поставувани прашања; Упатства и информации; Лиценци за организација на превоз на стока како и делот галерии каде може да ги видите сликите од издвоени настани на асоцијацијата во изминатите 21 година од постоењето.

     

Како крајни важни информации се дадени во делот со наслов „корисни линкови“ каде што може да се добие информација за забрана за движење на товарни моторни возила, слободни паркинг места и зелени зони во Европа.

За сите прашања поврзани со веб платформата може да се јавите во канцелариите на асоцијацијата за да ви помогнеме за полесно прилагодување на измените кои се направени со цел да ви го олесниме вршењето на дејност – превоз на стока во патниот сообраќај.  

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност