Соопштение до јавноста за одржување на протест
Ве информираме дека превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнуваат ПРОТЕСТ со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои ќе бидат блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Ќе бидат затворени граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин.
Протестот ќе започне:
- За излез од државата започнува на 26.01.2026 година со почеток во 12:00 часот,
- За влез во државата започнува на 26.01.2026 година со почеток во 24:00 часот, со цел сите домашни превозници кои се враќаат во државата да можат да стигнат до своите бази.
Блокадата може да трае еден ден, доколку има соодветен одговор од Европска Унија до надлежните органи на четирите држави, доколку нема одговор предвидено е блокадата да трае 7 дена како просечен период за извршување на превоз на стока во еден циклус.
Во согласност со здруженијата од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора дозволено е да се пропуштаат товарни моторни возила кои превезуваат:
- Лекови,
- Жива стока
- Муниција и експлозив
Ги охрабруваме сите превозници да покажат солидарност, а сите останати граѓани и деловни субјекти кои директно или индиректно работат во или со транспортната индустрија да дадат поддршка додека трае протестот за да бидеме заедно посилни во надеж на побрзо решавање на проблемот со правото за работа на професионалните возачи во Шенген зоната.
Протестот по барање на организаторот ќе го обезбедува полицијата.
Асоцијација Макам-транс