Соопштение за термини за испити во 2025 година
Почитувани членки,
Министерство за транспорт ги објави датумите за полагање на испити за 2025 година. Во прилог го споделуваме целосното соопштение.
„Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај и Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Министерството за транспорт закажува датуми за полагање на:
- Испит за добивање сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стока кој ќе се одржи на:
27.01.2025 година |
од 15:00 часот, од 17:00 часот и од 19:00 часот |
24.02.2025 година |
од 15:00 часот, од 17:00 часот и од 19:00 часот |
24.03.2025 година |
од 15:00 часот, од 17:00 часот и од 19:00 часот |
28.04.2025 година |
од 15:00 часот, од 17:00 часот и од 19:00 часот |
26.05.2025 година |
од 15:00 часот, од 17:00 часот и од 19:00 часот |
23.06.2025 година |
од 15:00 часот, од 17:00 часот и од 19:00 часот |
- Испит за добивање сертификат за професионална компетентност на лице одговорно за превоз кој ќе се одржи на:
28.01.2025 година |
од 17:00 часот |
25.02.2025 година |
од 17:00 часот |
25.03.2025 година |
од 17:00 часот |
29.04.2025 година |
од 17:00 часот |
27.05.2025 година |
од 17:00 часот |
24.06.2025 година |
од 17:00 часот |
- Испит за добивање сертификат за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај кој ќе се одржи на:
28.01.2025 година |
од 15:00 часот |
25.02.2025 година |
од 15:00 часот |
25.03.2025 година |
од 15:00 часот |
29.04.2025 година |
од 15:00 часот |
27.05.2025 година |
од 15:00 часот |
24.06.2025 година |
од 15:00 часот |
- Испит за добивање сертификат за советник за безбедност при превоз на опасни материи кој ќе се одржи на:
28.01.2025 година |
од 17:00 часот |
25.02.2025 година |
од 17:00 часот |
25.03.2025 година |
од 17:00 часот |
29.04.2025 година |
од 17:00 часот |
27.05.2025 година |
од 17:00 часот |
24.06.2025 година |
од 17:00 часот |
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава на кандидатот до архивата на Mинистерството за транспорт.
За првите два испита најдоцна два дена пред одржување на испитот, а за испитот за возачи и советници за превоз на опасни материи најдоцна три работни дена пред датумот на кој е закажан испитот, а потоа Mинистерството за транспорт на кандидатот му определува термин за полагање на испитот.
Испитите ќе се одржат во простории кои се наоѓаат во Градежен Факултет - Скопје.“
Асоцијација Макам-транс во соработка со Асоцијација Превозник ви нуди поевтина обука за професионалните возачи, информирајте се и искористете ја можноста, контактирајте не на телефонските броеви: 070 695 216, 072 312 001, 078 399 019, 072 312 101, 078 392 020 и 077 817 463 или на мејл info@makamtrans.org.mk за повеќе информации.
Ваш Макам-транс