Термини за испит за добивање на сертификат за возач пред апликација за меѓународни транспортни дозволи
Почитувани членки,
Ви препорачуваме навреме да направете проверка на внесени податоци во Картон на друштвото, кој е дел од база на превозници која се води во Министерство за транспорт (МТ), особено во делот Возачи и тоа: име и презиме, ЕМБС, број на сертификат за меѓународен возач (СПК на возач).
Доколку вашите возачи немаат СПК на возач или рокот на истиот е пред истекување, превозникот е должен да достави податоци и соодветни документи до МТ за да се направат промени во Картон на друштвото.
После положување на испит и доставено барање во МТ, изработениот СПК на возач лично го подигнува возачот од МТ или од него овластено лице со полномошно, а Вие како превозник имате обврска да поднесете барање со копија од СПК на возач за да се направи ажурирање на податоците во Картон на друштвото во делот Возачи.
Напомена: министерство по службена должност НЕ презема автоматски податоци за СПК на возач од евиденцијата за изработени сертификати.
Промена на податоци се врши со доставување на барање и пропратни документи преку писарница на МТ или со препорачано писмо со повратница преку Македонска пошта.
Во случај ако Вашите возачи немаат или не го продолжиле рокот на СПК на возач Ве информираме дека следни термини за полагање на испит за добивање на СПК на возач во период пред апликацијата за меѓународни транспортни дозволи (ЕКМТ дозволи) се:
– 23.09.2024 година – најдоцна пријавување до 20.09.2024 година и
– 07.10.2024 година – најдоцна пријавување до 04.10.2024 година
Пријавете ги вашите возачи за испит со кликнување на линкот подолу, пополнете ја апликацијата и прикачете ги потребните документи за пријава, лична карта и возачка дозвола.
https://form.jotform.com/230692330755355
Доколку не го користите онлајн линкот за пријавување, потребни документи кои треба да ни ги доставите се лична карта и возачка дозвола за возачот, податок за татково име и телефон за контакт, како би можело возачот да биде пријавен за предвидениот датум на испит.
Информирајте се и искористете ја можноста што ви ја дава Асоцијација Макам-транс во соработка со Асоцијација Превозник и обезбедете поевтина обука за професионалните возачи.
Контактирајте не на телефонските броеви: 070 695 216, 072 312 001, 078 399 019, 072 312 101, 078 392 020 и 077 817 463 или на мејл info@makamtrans.org.mk.
Ваш Макам-транс