Процес на регистрација на TIMOCOM Marketplace
Почитувани членки,
Ви споделуваме информација од нашата ВИП членка TIMOCOM која се однесува на процесот на регистрација на TIMOCOM Marketplace.
„При регистрација на компанијата на TIMOCOM, потребно е да се внесат одредени податоци за фирмата за може системот да го верификува идентитетот и деловната легитимност. Клучните информации кои се бараат вклучуваат:
- Име на фирмата,
- Адреса и земја на работење,
- ПИБ / ДДВ идентификациски број,
- Контакт лице со валиден е-маил и телефонски број,
- Податоци за типот на работење (на пр. вид на транспорт).
Овие податоци не само што овозможуваат основна регистрација, туку служат и за внатрешна проверка за да се осигура дека станува збор за легитимен деловен субјект. По процесот на регистрација, со цел подетална проверка се бараат и дополнителни документи, како што се доказ за телефонски број, лиценца за вршење транспорт, копија од лични документи за идентификација на лицето кое ќе го користи берзата, а сè во зависност од услугите кои фирмата сака да ги користи.
За дополнителни информации контактирајте ја нашата членка на следните телефонски броеви:
☎️ +49 211 88 26 88 26 и +49 211 88 26 14 00 или на
📩 мејл: info.mk@timocom.com
Ваш Макам-транс