ТИР преглед – потребни документи
Почитувани членки,
Ве информираме дека наредниот преглед на возилата за добивање на ТИР сертификат ќе се одржи на 11.05.2026 година (понеделник) на Царинскиот терминал – Дени Интернационал Скопје.
Изработката на целосната документација која е дел од нашите услуги може да ја направите во канцеларијата на Aсоцијација Макам-транс во Скопје.
Потребни документи кои треба да ги испратите кај нас за изработка на Барање за издавање на Уверение и Образец-Уверение за одобрување се копија од сообраќајната дозвола и фотографии од возилото (2+2) со димензии од 13см X 18см (доколку е цистерна дополнително две слики од поклопецот со вентилите).
Дополнителни документи покрај барањето за издавање на уверение и образец-уверение за одобрување кои се поднесуваат во Царинска управа се:
– копија од лиценца за вршење на меѓународен превоз издадена од Министерство за транспорт и
– уплатница на износ од 350 денари;
– за возилата кои превезуваат опасни материи:
– Одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај издадено од Министерство за транспорт;
– за цистерни АДР уверението;
– за ладилници АТП сертификат;
– за комбиња и лесно доставни (пик-ап) возила – атест.
Деталниот физички преглед на возилата се одвива секој 1-ви, 10-ти и 20-ти во месецот во 09:30 часот на Царинскиот терминал – Дени Интернационал Скопје.
Документите за изработка на потребната документација од наша страна може да ја испратите на нашиот мејл – info@makamtrans.org.mk како и да не контактирате на телефонските броеви: 078 399 019, 070 695 216, 072 312 101, 072 312 001 за постапката за изработка и подигнување на истите.
Ваш Макам-транс