Skip to main content Skip to footer

Одржана традиционалната средба на македонски превозници

Почитувани членки,

На 26.09.2024 година во ресторан Потковица Скопје се одржа деветнаесетата традиционална средба на превозници во организација на Асоцијација Макам-транс.

На средбата покрај присутните превозници како гости присуствуваа заменик министерката за транспорт г-ѓа Калтрина Зеколи Шаќири, претставници од секторот за патен сообраќај и инфраструктура, директорот на царинската управа г-дин Бобан Николовски, претставник на царинската управа и директорката на Консалтинг за стратешки развој г-ѓа Кристина Хаџи-Василева.

Генералниот секретар на асоцијацијата Биљана Муратовска, во своето обраќање се заблагодари на соработката на заменик министерката за транспорт и на директорот на Царинска управа, ја истакна важноста од меѓусебната комуникација и потребата заедно да се ангажираме за подобрување на условите за вршење на меѓународен превоз на стока. Во нејзиниот говор ја промовираше и новата веб платформа на асоцијацијата, која беше изработена со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), за што директно им се заблагодари на Консалтинг за стратешки развој и на г-ѓа Кристина Хаџи-Василева кои се воедно и спроведувачи на УСАИД проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“.

Манифестацијата не би била комплетна без присуство на нашите соработници и ВИП членки. Огромна благодарност до сите превозници кои присуствуваа на манифестацијата.

Како дел од настанот беше и презентацијата за правилата кои треба да се почитуваат во претстојната распределба на годишни ЕКМТ дозволи и годишни поединечни транспортни дозволи за 2025 година.

Албумот со слики од средбата, објавен е на нашата Facebook страна и во делот галерии на нашата веб страна. 

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност