Унгарија - мостот Pentele ќе биде затворен за сообраќај
Почитувани членки,
Ве информираме дека работните активности на мостот Pentele на автопатот М8 во Унгарија ќе продолжат овој викенд, а возачите ќе мора да користат заобиколен пат.
Овој мост, кој ги поврзува Dunaújváros со Dunavecse, повторно ќе биде целосно затворен за време на викендот - од 17 мај (сабота) од 17 часот до 18 мај (недела) до 19 часот.
За време на затворањето на мостот, возачите на товарни моторни возила до 40 тони можат да го користат мостот помеѓу Solt и Dunaföldvár, кој се наоѓа 15 километри јужно.
Извор: Plutonlogistics
Ваш Макам-транс