Колска вага на ГП Дојран – не е во функција
Почитувани членки,
Согласно информација добиена од Царинска управа, Ве известуваме дека вагата за влез и излез од државата на ГП Дојран не е во функција.
Во периодот до оспособување на вагата, товарните моторни возила ќе бидат пропуштени без да се мерат. На возачите треба да им се укаже да се мерат во испоставата каде се упатени (т.е увозно царинат) или на излез од државата.(оние кои само транзитираат низ државата).
Ве молиме за разбирање до надминување на проблемот.
Ваш Макам-транс