Skip to main content Skip to footer

Видео - чекори за апликација на годишни ЕКМТ дозволи

Почитувани членки,

Ве потсетуваме дека годишното аплицирање за меѓународни дозволи за 2026 година започнува од 13.10. (понеделник) во 00:01 часот и ќе трае заклучно со (среда) 15.10.2025 година до 23:59 часот на веб платформата pristappgoods.mtc.gov.mk.

Како насока и олеснување за претстојната апликација Ви споделуваме видео со чекори за апликација за годишни ЕКМТ дозволи и годишна Германска и Француска поединечна дозвола.

Видео - чекори за апликација

Проверете ја убаво направената апликација, проверете дали го имате големиот MT број, тоа е бројот под кој ви е зачувана апликацијата. Апликацијата може да ја поминете неколку пати, за важечка се смета последната снимена апликација, и како таква зачувајте ја и/или испринтајте ја истата.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност