ВИП членка – АМ ЦЕРТ
Почитувани членки,
АМ ЦЕРТ е силен партнер на корисниците на возила, трговците и производителите на возилата и нивните компоненти, носител е на овластување од Министерството за транспрот и врски за издавање на сертификат за тест за подготвеност за сообраќај на возилата.
Во рамките на АМ Церт работи и акредитирана и овластена техничка служба за единечно одобрување на возила од увоз (хомологација), одобрување на преправени возила (атести), контрола на возила кои вршат превоз на лица и стоки во државата и надвор од неа, испитување на возила кои вршат превоз на опасни материи, испитување на цистерни за превоз на опасни материи.
Во текот на 20 годишното постоење, АМ Церт направи и развој и во останати области:
- АМ Церт е меѓу првите овластени компании во Р.С. Македонија за вршење проценка на Безбедност и здравје при работа (БЗР)
- Акредитирано сертификационо тело за имплементација на меѓународните ISO стандарди:
ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет.
ISO 14001:2015 – Систем за управување со животна средина.
ISO 45001:2018 – Систем за управување со безбедност и здравје при работа.
- Акредитирана лабораторија за калибрација на димензионални и механички големини, температура, време, фрекфенција, бучава, оптички големини и гасни смеси
АМ ЦЕРТ како ВИП членка на асоцијацијата за услугите кои ги нуди за Вас како превозни трговски друштва може да ги контактирате на
тел. 02/3130-260, 072/242-443 и
мејл: amcert@automakedonija.com.mk
Ваш Макам-транс