ВИП членка – Ман Импортер Македонија
Почитувани членки,
МАН Импортер Македонија ДООЕЛ е официјален и ексклузивен увозник на комерцијалните возила на MAN Truck & Bus за пазарот во Северна Македонија. Компанијата нуди продажба на нови и користени камиони, влечни возила, автобуси и специјални возила од гамата на MAN и NEOPLAN. Покрај продажбата, обезбедува и сервисна поддршка, оригинални резервни делови и постпродажни услуги, со цел да им понуди на клиентите сигурност и долгорочна експлоатација на возилата.
Новитети:
Новиот MAN D30 PowerLion поставува нови стандарди во ефикасноста, перформансите и економичноста, нудејќи повеќе моќ со помала потрошувачка на гориво. Со напредна технологија и докажана MAN сигурност, моторот D30 е создаден за максимална продуктивност, а доказ за тоа се бројните задоволни клиенти кои секојдневно се потпираат на него во својот бизнис.
Актуелно:
АКЦИЈА НА КОРИСТЕНИ ВОЗИЛА ОД ЛАГЕР
Акциски цени на возила од лагер од 2013 до 2019.
MAN TopUsed - За возила до пет години старост со можност за продолжување на фабричка гаранција.
Ман Импортер Македонија како ВИП членка на асоцијацијата за услугите кои ги нуди за Вас како превозни трговски друштва може да ги контактирате на
✆ 070 388 052 / 072 302 740 / 072 279 911 и
https://www.facebook.com/share/p/1YmtqSBd1t/
Ваш Макам-транс