Skip to main content Skip to footer

Визна стратегија за професионалните возачи - преговори

Почитувани,

Во петок 27.02.2026 година имаше втора средба на работната група во ЕУ со шесте држави од Западен Балкан, исто така во петокот во нашата држава беше во званична посета Magnus Brunner – комесар за внатрешни работи и миграције во ЕУ. Во текот на денешниот ден имавме состанок со министерот за внатрешни работи г-дин Тошковски, министерот за транспорт г-дин Николоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија г-дин Муцунски (видео врска) со цел да ни ги соопштат заклучоците од состаноците во Брисел и во Скопје и чекорите кои ќе ги превземат за побрзо надминување на проблемот со престој на возачите во Шенген зоната.

Јасно е укажано дека целосно изнаоѓање на решение преку Визната стратегија и нејзино усвојување од сите 29 држави на Шенген зоната е процес кој може да трае од една до две години и затоа е препорачано да се остварат разговори на билатерална основа со поголем број на држави за добивање на визи за подолг престој по предлог на хрватскиот претставник во работната група кој јасно укажал дека во Хрватска е започнат процесот за измени на законската метерија која го регулира издавањето на таканаречени Д – визи за подолг престој за лица од трети држави кои немаат работодавач во нивната држава.

Министрите од своја страна не уверија дека активно ќе преговараат со Грција, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Словенија, Романија, Германија и Австрија за прилагодување на условите за издавање на визи за македонските возачи со што ќе се избегне броење на денови на престој за овие членки на Шенген зоната (во овој дел веќе е вклучена и Швајцарија со визите кој ги издава), со што ќе се овозможи подолг престој од 90 дена. Броењето на денови ќе биде само во државите за кој нема да имаат возачите визи.

Овој начин е единствен кој може да се постигне за надминување на проблемот до дефинитивно усвојување на новата Визна стратегија и затоа е потребно со заеднички сили да се обидеме да ги превенираме проблемите со кој се соочуваме на терен и да не дозволиме да се иритираат земјите членки (кој после протестот ги засилија контролите), туку да се обидеме преку надлежните министерства да ја добиеме нивната согласност за што побргу да можеме да обезбедиме визи кој би требало минимум да бидат со важност од една година.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност