Skip to main content Skip to footer

Швајцарија - Затворање на терминалите за патарина

Почитувани членки,

Нашата ВИП членка „Affinity Balkans“ сподели со нас информација во врска со промени за плаќањето на патарина во Швајцарија. 

„Почнувајќи од 01.06.2025, патарината во Швајцарија ќе може да се плаќа исклучиво онлајн преку официјалниот портал на BAZG. Сите постоечки терминали за плаќање со картичка ќе бидат трајно затворени.

Важно: Корисниците на DKV BOX EUROPE уредите не се засегнати од оваа промена.

Доколку не користите апарат и планирате патарината да ја платите онлајн, ве молиме:

  • Проверете дали вашата картичка е активна
  • Осигурајте дека има доволен лимит за извршување на трансакцијата

Возачите ќе бидат информирани при преминување на границата. Резервации може да се направат онлајн и во последен момент односно пред граница.

Ви благодариме за вашето внимание. Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте го нашиот тим за поддршка.

Со почит,

Тимот на АФФИНИТИ БАЛКАНС

телефон за контакт 078324793“

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност