Затворен Дунавскиот мост меѓу Бугарија и Романија на 24 часа
Почитувани членки,
Согласно добиена информација од бугарското здружение AEBTRI, сообраќајот преку мостот на Дунав кај Русе (на границата меѓу Бугарија и Романија) ќе биде целосно прекинат поради обемни реконструкциски работи.
Ограничувања:
За патнички возила, сообраќајот ќе биде забранет од 09:00 до 21:00 часот на 27.03.2025 година.
За товарни моторни возила (над 3,5 тони), забраната важи 24 часа: од 09:00 часот на 27 март до 09:00 часот на 28 март 2025 година.
На следните линкови надлежниот орган издаде:
Мапа со местата за чекање:
https://api.bg/files/004e2245206ce41429e13fde695095eb.jpg
Алтернативни маршрути:
https://api.bg/files/1df7104499aa1380ca5ab754070e9030.jpg
За време на затворањето на мостот Дунав кај Русе од 09:00 часот на 27 март до 09:00 часот на 28 март. ТМВ (над 3,5 тони) во овој период нема да можат да минуваат низ мостот, а тоа значи дека возачите кои плаќаат патарина согласно одредена траса, и истата ја опфаќа оваа делница, нема да можат да ја користат.
Картата за маршрута може да се купи најмногу 7 дена пред патување преку сајтот на Националната агенција за патарини на Бугарија: www.bgtoll.bg.
Возачите треба да имаат предвид дека ако, на пример, картата за маршрута е купена на 21 март 2025 година и вклучува премин на мостот Дунав кај Русе на 27 март, таа нема да може да се користи за време на периодот на ограничување.
На следниот линк за повеќе информации, може да го погледнете официјалното соопштение од бугарската Агенција за патна инфраструктура:
https://www.api.bg/en/on-march-27th-the-traffic-on-the-danube-bridge-at-ruse-will-be-stopped.htm
Ваш Макам-транс