Skip to main content Skip to footer

Заврши 6 група - обука за референт за логистика

Почитувани членки,

Во текот на денешниот ден кандидатите од обуката за референт за логистика го решаваа завршниот тест со што успешно ја завршија обуката која се одвиваше онлајн во изминатите 3 месеци на платформата ZOOM.

Ова беше 6 група на која кандидатите можеа да следат и научат за националните и мултинационални законски прописи во областа на превоз на патен сообраќај, пресметка на цена на превоз, архивирање на документи, правилно пополнување на патен налог, какви поединечни транспортни дозволи им се потребни доколку вршат меѓународен превоз, пишување допис доколку се соочат со одреден проблем за наплата на долг, работно време на возач, осигурување на стока и други корисни информации.

Со спојување на теоретскиот дел на законската материја со практични прикази и примери се добиваат поголеми резултати во совладувањето на целокупната материја која е дел од обуката за рефент логистичар.

Со континуирано учење заедно се движиме напред.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност